Иако патувањата треба да бидат релаксирачки и да не се грижиме многу за изгледот, меѓутоа имајте во предвид дека тоа се прилики и кога правиме најмногу фотографии. Па, убаво е да изгледаме добро и средено. Иако, кога би ја земале во предвид ограничување на количината на течност и козметика во багажот, како и сувиот воздух во авионот, тоа може да биде потешко. Како и да е постојат неколку начини на кои може да ја зачувате Вашата комплетна убавина за време на патувањето и како да го искористете максимумот од Вашиот одмор.
1. Пред патување добро е да направите третман на лицето
Без разлика дали патувате долго или кратко, сите знаеме дека воздухот во авионот е многу сув, и може сериозно да и наштети на Вашата кожа. Затоа, многу е добро пред патувањето да одвоите малку време и да направите еден релаксирачки третман на лицето.
2. Повеќе производи во еден!
Наместо да земате серум за коса, дополнителен кондиционерот, стајлинг спреј, едноставно земете еден производ што ја извршува работата на сите три. Се разбира, не е секогаш лесно да го направите ова и понекогаш не можете да го намалите бројот на производи што ги земате со себе, затоа наместо тоа, намалете ја количината на производот што го земате.
3.За време на патувањето-пијте многу вода!
Многу е важно за време на патувањето со авион да пиете многу вода, така што во текот на вашето патување ќе Ви помогне Вашата кожа да остане што е можно посвежа и навлажнета. Спакувајте кесички козметика која е богата со хијалуронска киселина, што е совршено против дехидрирана кожа.
4.„Мултитаскинг“ козметика
Никој не сака да го напушти секојот мал луксуз дома. На крајот на краиштата, одморот е за релаксација и уживање, а не апстиненција. Но, наместо да земете пет производи, зошто да не го пронајдете оној што ја извршува работата на три од нив? Пример одредени благи креми за лице, можат да бидат добра замена и за балсам за усни како и млеко за тело за сува кожа. Прекокнете ја вообичаената пудра за лице, па наместо неа земете крем BB или CC, ќе ви дадете и дополнителни додатоци на кожата како што се SPF, корекција на бојата, серум и сл.)
5.Мини пакувања
Дури и ако Вашите производи за убавина се во рамките на границата од 100мл, нема потреба да го носите целото шише за само неколку дена. Заштедете протор, префрлете од препаратите во мали пакувања колку што ќе Ви биде потребно за тие неколку дена, така што ќе заштедите простор за враќање, па слободно може да го дополните куферот со сувенири од Вашето патување.
Следетене на