Постојат неколку причини зошто не смеете да се откажете од Вашиот омилен десерт-чоколадата. Многу студии докажале дека јадењето чоколади е добро за здравјето, за кожата, срцето, забите. Посебно е добра кај бременоста, таа го потхранува плодот и се грижи за неговиот развој. Изберете чоколада со помалку шеќер, со 70% какао, таа е клучна за Вашето добро здравје и не грижете се за килограмите.

chocolates

Чоколадата го подобрува расположението – Таа содржи триптофан, есенцијални амионокиселини, кои освен преку храна на друг начин не можат да се синтетизираат во организмот. Главна улога му е да го предизвикува настанокот на серотинин, мелонин и ниацин, што ни помага да се чуствуваме среќни и расположени.

Здрави заби-Ги штити забите од задржување на бактерии со каковото масло кое се наоѓа во чоколадото.

Здрава и негувана кожа – Особено темното чоколадо е богато со антиоксиданти, витамини, микроелементи флавоноиди. Тие ја хидрираат кожата и ја заштитуваат од сончевите влијанија.

opened box of chocolate

Го спречува прејадувањето – Научниците тврдат дека и една мала коцка чоколадо пред јадење ги предизвикува хороните кои испраќаат сигнали дека веќе сме сити. На тој начин се спречува прејадувањето или непотребното грицкање.

Го подобрува памтењето – ја подобрува когнитивната функција и мозокот.

Го успорува процесот на стареењето – Антиоксидансите со кои е богата чоколадата го успоруваат процесот на стареење на тој начин што ги неутрализираат слободните радикали кои го убрзуваат овој процес.

brown chocolate bars

Го намалува ризикот од срцеви заболувања – Едно канадско истражување докажало дека луѓето што редово козумираат чоколадо имаат помал ризик од срцев удар за 20%. Чоколадото ја подобрува работата на срцето.

Стрес – Главната состојка на чоколадото, какото го намалува нивото на хормоните кои предизвикуваат стрес.