Познатиот бренд Луј Витон започна соработка со УНИЦЕФ, па сега е шансата да изгледате преубаво, а и да направите добро дело. Како резултат на соработката оваа позната модна куќа креираше симпатични унисекс нараквици со метални детали – ,,Unicef x Louis Vuitton Silver Lockit“. Доаѓаат во форма на траки со прилагодлива должина во различни бои, за кои е прикачен сребрен катанец изгравиран со знакот на LV.

Од почетокот на нивната соработка, Луј Витон и УНИЦЕФ, заедно собраа околу 10 милиони долари, а од новиот производ, брендот Луј Витон има намера да донира околу 110 долари за секоја продадена нараквица. Донациите од оваа соработка се наменети за обезбедување чиста вода за пиење во загадени населени подрачја, храна, едукација, здравствена заштита и заштита на децата во загрозени области како што се Мозамик, Малави и Зимбабве.

Цената на овие нараквици е околу 425 долари, а достапни се во црна, зелена, портокалова и сина боја.