Нови Сад вечерва тагува. Маса народ со свеќи во рацете се простува од легендата Ѓорѓе Балашевиќ koj денес почина на Инфективната клиника на Клиничкиот центар во Нови Сад. Според неофицијални информации музичката легенда починала од корона вирусот.Новосаѓани се собираат пред неговата куќа, а дел од нив палат свеќи  и на плоштадот.Голем број на музички ѕвезди од Балканот на социјалните мрежи му посветија статуси на Балашевиќ,објавувајки ги неговите песни и славни цитати. Балашевиќ почина на 67 годишна возраст.