Обетките се најстариот орнамент кој се носел од различни култури низ текот на времето. Се мисли дека мажите и жените носат обетки примарно како моден аксесоар, за да го украсат и разубават нивниот изглед, но и да го истакнат нивниот личен идентиет.
Постојат повеќе видови на обетки:
Hoop (кружни обетки)- овие обетки дефинитивно носат одреден изглед на вашиот став и привлекуваат внимание. Drop/ Dangle (солза обетки или обетки што висат), овие обетки никогаш не излегуваат од мода бидејќи секогаш имаат неверојатно нов и иновативен изглед.
Stud(мали обетки), овие обетки најразлично се дизајнирани и секој сака да ги носи. Лесно се вклопуваат со секој моден стил, можат да се комбинираат со друг накит или да се носат без накит.
Clip-on(обетки со штипка)- обетките со штипка се идеално нешто кога сакате да носите прекумерено големи обетки, бидејќи тежината на обетките нема да биде премногу за пробушеното уво и нема да му прави притисок. Предноста на обетките со штипка е тоа што не го оштетуваат и не го развлекуваат увото. Можат да се носат за секаква пригода.
Gemstone (обетки со скапоцен камен), среброто, златото и платината не се единствени кога станува збор за прекрасно дизајнирани обетки. Скапоцен камен прилепен на некој од овие благородни метали дава неверојатно прекрасен, богат и поразличен изглед .
Кој е вашиот фаворит? 🙂
Следетене на