Технолошката компанија Sylvester.ai од Калгари, Канада, ја разви апликацијата Tably, која користи камера за да открие дали мачката има болка.

 

Стресот се одредува според положбата на ушите и главата, проширувањето на зениците, муцката и наежването на косата. Истражувањето од 2019 година покажа дека т.н „Скалата за гримаси на мачки“ е сигурен метод за откривање болка кај мачките.

 

„Апликацијата им помага на сопствениците да утврдат дали нешто ја повредува нивната мачка или не“, рече Михе Прист, директор на Sylvester.aia.

 

Софтверот секако е корисен, но сопствениците треба да го погледнат и целото тело, вклучувајќи ја и опашката, што многу зборува за состојбата на мачката, изјави Алис Потер од Британската асоцијација за заштита на животни

Фото извор: REUTERS/Todd Korol

Фото извор: REUTERS/Todd Korol

RSPCA.