Рован Аткинсон беше претставен со своите култни улоги во сериите „Црна змија“ и „Мистер Бин“, а приватниот живот на овој актер е подеднакво забавен како и неговите улоги.

Актерот деновиве го слави својот 67 роденден, а малкумина знаат дека неговата кариера за малку ќе тргнала во сосема поинаков правец од актерството.

Неговиот приватен живот беше полн со неочекувани ситуации. Додека бил на патување во Кенија во 2001 година, пилотот на неговиот приватен авион се онесвестил. Рован само седна на пилотската фотелја и го држеше авионот во воздух додека пилотот не се освести. На крајот успешно слетаа.

Аткинсон се ожени само еднаш, во далечната 1990 година, со Санетра Систра, со која имаше две деца Бен и Лили, но на идилата и дојде крајот во 2014 година, кога стана позната аферата на актерот со комичарката Луис Форд. Така семејството се распадна, а актерот се разведе од сопругата, па пред четири години го доби третото дете. Тој и денес е во врска со Луис, а се запознале додека работеле заедно на проект. Неговата ќерка Лили силно му замерувала што ја оставил нејзината мајка , па поради инает го сменила презимето Аткинсон во Систра, моминското презиме на нејзината мајка.

Еве како изгледа неговата ќерка: