Уште од далечната 1905, брендот Rolex  ги дизајнира и изработува најдобрите часовници во светот. Со својата работа започнува во Англија, а потоа продолжува во Швајцарија. Низ годините има изработено илјадници часовници, украсени со злато и дијаманти, како и многу уникатни примероци. Часовникот долго време низ историјата е вид на  статусен симбол, а тука ги издвоивме најлуксузните рачни часовници дизајнирани и изработени од овој познат бренд.

 

 

Гламурозниот модел на овој бренд Unicorns е најскапиот часовник воопшто во светот. Изработен специјално за клиент уште во далечната 1970 година, овој часовник е продаден за неверојатни 5.9 милиони долари.

Ова е еден од најскапите дијамантски часовници на Rolex. Три временски зони, изработен од бело злато, дијаманти, овој часовник чини неверојани 485 350 илјади долари.

Изработката од фино преработени дијаманти, овој елегантен часовник го прави уникатен во светот на Rolex. Дијамантите на нараквицата се фино поврзани меѓу себе, а лицето е изработено од метеорит. Секоја конекција од еден до друг дијамант чини 15.000 долари. Цената на целиот часовник е 276 илјади долари.

Изработен од розево 18 каратно злато и скапоцени бели дијаманти. Неговиот изглед е софистициран и едноставно воодушевувачки, а исто и неговата цена. Овој часовник чини 84,999 $.

Овој уникатен модел чини 70.000 $, a изработен е од 18 каратно бело злато. Украсен е со 32 дијаманта, вклучува и дата календар.

Сензационален модел, дел од многу специјална и уникатна колекција. Украсен со платина, бисери, 40 дијаманти. Чини 78,988 $.