Во екот на вирусите, настинките, време е да поработите на подобрување на Вашиот имунолошки систем – тоа ќе Ви помогне во борбата против цела низа лоши микроорганизми. Ова се неколку најдобри засилувачи на природениот имунитет кои ќе Ви помогнат да останете здрави.

Задолжително внесувајте витамин Д

Многу од нас не обрнуваат внимание на недостатокот на витамин Д во организмот во овој период, а тој е од исклучителна важност. Здравјето на Вашите коски и заби зависи од витаминот Д. Недостаток на витамин Д е поврзан со зголемен автоимунитет, како и со зголемена подложност на инфекција. Пoстојат многу причини за дефицитет на витамин Д. Тоа е поминувањето на голем дел oд денот во затвоен прстор, патуваме со автомобили каде има нула UVB зрачење, јадеме обработена храна. Затоа е многу важно да го внесуваме преку дополнителни суплементи, особено во зима, бидејќи е многу потешко да дојдеме до природна сончева светлина. Многу е важно да се јаде здрава и свежа храна, многу зеленчук, оосбено зелен.

brown gel close-up photography

Куркума

Куркумата е позната по ефектот врз зајакнување на имунитетот, моќен антиоксиданс, антиинфламаторно, антивирусно  антимикробно дејство. Куркумата го намалува воспалението во организмот, прави поволна клима за размножување на здрави микроби кои не прават имуни. Додадете ја во супи, чорби па и во Вашите пијалоци.

wooden ladle and chopping board with ginger during daytime

Ашваганда

Сладок корен кој е еден од најпознатите имунитетни адаптогени. Ги подржува природните циклуси како што е спиењето и му помага на телото да одржува соодветни нивоа на енергија. Помага да се поддржат имуните и мускулно-скелетни системи. Најлесен начин да го внесете е да го земате како додаток во исхраната.

Цитрусни овошја

Овошките како лимон, портокал, мандарина, грејпфрут, клементина, лимета се само дел од групата цитрусни овошја. Тие се најприроден извор на витамин Ц, кој сигурно ќе Ве заштити во периодот на настинки и грипови. Цитрусните овошја, се одличен извор на витамин Ц (обезбедуваат околу 60 проценти од днвено препорачаната доза). Витаминот Ц е моќен антиоксиданс. Конзумирањето храна богата со витамин Ц му помага на телото да развие отпорност на инфективните агенси, а исто така и ги собира штетните, воспалителни слободни радикали од крвта. Лимоновиот сок содржи најголема количина на детоксикативни материи од сите други овошја. Мандарината покрај Витаминот Ц, содржи и калиум, магнезиум и Витамините Б1, Б2 и Б3.

sliced orange fruits on black surface

Јадете свеж, органски и нетретиран зеленчук

За да останете здрави, јадете свежа, органска и нетретирана храна. Добри избори се супи, јаткасти плодови, храна богата со растителни влакна. Многу е важно да јадете и коренести зеленчуци, припремајте ги свежи во салата, природни сокови. Добар избор се цвеклото, морковите, репка, магданос, сладок компир. Тие се превкусни и разнобојни-така знаете дека добивате хранливи материи и витамини. Често користете и зчини како што се цимет, ѓумбир кајанин.

assorted vegetable lot

Внесувајте многу течности-особено топли напитоци и чаеви

Науката ги подржува здравствените придобивки од чајот. Пиењето чај е одличен начин за поддршка на организмот преку детоксикација. Можете да направите топол чај и измешајте го со свежо цедено овошје како што се грејпфрут, лимон, портокал. Така ќе ги освежите и ревитилизирате клетките.

flat-lay photography of variety of beverage filled glasses