Уште во минатото најдобрите креатори патувале низ светот за да најдат инспирација за своите уникатни производи. Тоа го инспирирало и Оливер Крид при создавањето на неговата уникатна колекција на парфеми. Парфемите ги создавал и ги именувал по местата во светот кои му оставиле незаборавен впечаток. Тука Ви претставуваме дел од најубавите парфеми кои се инспирирани токму од зачудувачки преубавите светски дестинации. Секоја нота од овие парфеми Ве носи токму на местото од каде е инспирирано нивното создавање.
Овој парфем е инспириран од Медитеранот. Неговото име го добил по јахтата Еролфа, неговиот благ мирис на цитрус , предзвикува визии на свежи утра и драматични зајдисонца.
Приказната на овој парфем започнува во Рим, а неговото име Нероли Соваж го носи по принцезата Нерола. Нејзините легендарни забави во градината се познати низ историјата, а слабиот и елегантен мирис со лимон и бергамот на Нероли Соваж одговара на нејзиниот возбудлив карактер.
Ginger Island, Карибите го инспирирале Оливиер за создавање на парфемот Virgin Island Water. Едно длабоко вдишување од овој парфем го предизвикува карипски ветар, измешан со мирисот на масло од кокос, опоен хибискус и сицилијанска мандарина.
Инспирацијата е од Фиренца, а името на парфемот е Аква Фиорентина. Овошна, цветна и женствена.
Овој парфем го создал по неговата посета на Индија. Тука ја претставил убавината на индиските кралства преку опојните ароми на сандалово дрво, цимет, ванила и ѓумбир.
Следетене на