Многу често се вложуваме во преуредување на домот, но на крај добиваме разочарувачка слика, тоа што го замисливме не го добиваме. Зошто е тоа така? Акумулација и пренатрупување на различни предмети за кои сметавме дека ни се основни во декорот, може целосно да го промени ентериерот на Вашиот дом.
Ситни декорации, чаши, чајници о кабинетот, кои воопшто не се вклопуваат во ентериерот
За почеток размислете дали толку многу Ви се потребни сите тие чаши, чајници, декорации, лименки или само сте приврзани со нив? Ако е ова второто веднаш започнете со нивно складирање, бидејќи ако не Ви користеле во последните години сигурно нема да ви користат и во иднина. Ова се неколку предмети кои можат да ја нарушат целосната слика на Вашиот дом.
Лошо осветлување
Слабото светло, пред се негативно влијае врз психата, односно темнината, особено во зима, според психолозите, предизвикува лоши мисли кај луѓето. Затоа внимателно испланирајте го осветлвањето. Додадете некоја декоративна лампа, во трпезаријата каде семејството се собира, внимателно изберете добар лустер или инсталирајте светилки на таванот.
Неуредно натрупани мали предмети и играчки
Постојат еден куп мали предмети во секој дом. Ова е вечен проблем кај луѓето кои имаат мали деца. Се разбира, во присуство на мало дете дома е тешко да се одржи редот, но барем можете да пробате. Организирајте систем за складирање за да уживаат децата. Првично може да ги соберете играчките со вашето дете, објаснувајќи им дека куклите и количките исто така сакаат да спијат во нивните домови. Децата обожаваат шарени кутии за складирање!
Магнети на фрижидерот
Времето кога магнетите на фрижидерот изгледаа како нешто уникатно, егзотично останаа во минатото. Честопати, тие само го расипуваат ентериерот во кујнта. Вие немате корист од нив, но вашиот вид дом страда од нивно присуство. Ако сте страствен колекционер на магнети, можете да ги поставите на специјални магнетни плочи. Друга опција е да донесете пофункционални сувенири од вашите патувања.
Шарени, везени, разнобојни перничиња во аголот на гарнитурата
Ова беше хит до 2000те години. Едно до две перничиња во аголот, кои би одговарале со материјалот на гарнитурата или со боите на ентериерот е доволно, за да не изгледа пренатрупано.
Следетене на