Свила, чипка, карнери и малку винтиџ стил… Следната статија ја посветивме на фустаните кои често ќе ги носиме ова лето. Во врска со боите – изберете ретро црвена боја, окер боја, тегег, тиркиз како и безвременската црно-бело варијанта.
Фустаните со карнери дефинитивно ќе го означат почетокот на летната сезона. Многу често ги гледавме на модните писти во новите колекции. Комбинирајте ги со еспадрили, патики, рамни сандали.
Плетените фустани кои потсетуваат на хипи стил повторно се вратија во мода. Комбинирајте ги со патики или сандали.
Свилените фустани со едноставен крој, во една боја се апсолутен хит сезонава.
,,Винтиџ“ фустаните со нивната елеганција од осумдесетитте и деведесетите повторно се враќаат во модниот свет.
Модните дизајнери повторно ги вратија ,,полка точките“ на модната сцена. Овој модел на фустани се апсолутен хит летово. Во комбинација со бели летни патики, еспадрили ќе добиете преубав летен ,,аутфит“.
Сликите се превземени од Pinterest.
Следетене на