Кога се работи за зимскиов период и машката мода, џемперите се идеален избор на гардероба. Тие најлесно се комбинираат во секој стил и за секоја прилика, без разлика дали ќе ги носите со патики или во бизнис аутфит комбинација секогаш изгледате добро. Тука ќе Ви предложиме неколку хит модели на џемпери кои секој маж мора да ги поседува, особено во студениот зимски период.
Џемпери со плетен дезен
Постојат толку многу плетени дезени на џемпери од покласични, поспортски, кои заради нивниот ,,шарен“ изглед не враќаат на заборавените трендови. Овие џемпери се добри за секоја прилика комбинирани со фармерки или деловен изглед со кошула.
Кардиган
Прочуениот џемпер е познат по тоа што беше униформа во американските колеџи, а сега стана симбол на машката зимска мода. Можете да го носете закопчан или лежерно откопчан, со џебови или без.
Оверсајз џемпер
Овој модел на џемпер не треба да Ви биде два броја поголем, туку е специјално дизарниран да изгледа широко.
Џемпер со V-израз
Кашмирски модел на џемпер под кој носите тенка маица или кошула со крагна која одговара на овој модел на џемпер.
Следетене на