Нусрет Гокче е познат светски готвач, месар и сопственик на ланец луксузни ресторани. Познат е по прекарот Salt Bae поради неговите техники за припремање и посолување на месото.
Нусрет Гокче потекнува од сиромашно семејство, кој поради тешките услови за егзистенција не успеал како мал да завши основно училиште бидејќи работел во месара со цел да придонесе помош за неговото семјество.
На 26 години Нусрет со сите заштедени пари заминува за Буенос Аирес каде што таму учи како да подготвува стекови од познати готвачи во светот. По една година работа Нусрет се враќа дома и го отвара неговиот прв ресторан „Нуср-Ет“ во Етилер, Истанбул.
Еден од најбогатите луѓе во Турција Ферит Сахенка го препознава неговиот талент и квалитет и инвестира во него со тоа што му помага на Нусрет да го прошири неговиот бизнис, така што денес Нусрет е сопственик на 13 ресторани низ целиот свет. Денес ако нарачате стек ќе ве чини 20 евра но ако посакате Нусрет Гокче да ви го сервира и посоли тогаш ќе мора да платите дури 800 евра.
View this post on Instagram
Нусрет во Македонија нема отворено негов ресторан но затоа во Скопје во популарната MiCasa е турскиот стекхаус готвач Омер кој има работено заедно со Нусрет Гокче па може да ви приреди необично шоу и начин на сервирање и посолување на месото
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Следетене на