Младиот и талентиран поп-пејач Огнен Здравковски денес објави фотка на која јасно се гледа тетоважа на раката со ликот на неговиот скоро починат вујко, виолинистот Зоран Џорлев,инаку брат на мајката на Огнен, пејачката Софи Џорлева. По ненадејната смрт на виолинистот од Ковид-19, Огнен редовно постира фотографии од вујко му,за кој вели дека му се восхитувал како врвен музичар уште од раното детсво.Тетоважата со ликот на вујко му Зоран е ремек дело на тату артистот Симон Капчев.