Ако не сте љубител на динамиката на аеробикот и другите ,,брзи“ вежби, тогаш најдобар избор за Вас е пилатесот. Каланетиката, балетот и јогата се комбинираат за да го формираат телото без напор или напорно вежбање. Пилатес претставува единствен систем на гимнастика за истегнување, за тонирање на телото и за подобра хармонија со умот. Овој метод остава уникатно чувство на свежина и физичко задоволство. Една од најголемите обожаватели на пилатес е Мадона, која преку своите вежби ја одржува својата добра форма.
Најдобро е овие релаксирачки вежби да ги правите под дејство на музика, која уште повеќе ќе го опушти телото и мислите и ќе доживеете неговиот природен благодет. Кај овој метод многу е важно и дишењето, нередовните вдишувања ќе го направат тренингот неефикасен. Првенствено се работи со мускулите во центарот на телото, абдоменот и половината. Пилатесот е техника која бара висока концентрација, правилно дишење, а развива флексибилност на мускулите и затегнување.
Креатор на овој метод на вежбање е германецот Џозеф Пилатес кој од детството страдал од рахитис и ревматизам. По Првата светка војна се враќа во Њујорк каде ја развива оваа техника и по 1960 година станува многу популарна, особено кај популарните личност во Холивуд.
Со текот на времето се развива уште една техника тоа е јогапилатесот, што е комбинација од јога и пилатес и дава уште поголем ефект. Целта и на двете техники е сихронизација на умот и телото и се постигнува одлично физичко здравје. Се затега телото, се подобрува неговото држење, се намалува телесната тежина и се елиинира болката во грбот. За максимален ефект, се препорачуваат вежби два до три пати неделно, но видливиот резултат на вежбите започнува да се забележува само по три месеци.
Следетене на