Денис Виловби од Вирџинија отишол во локална продавница за да им купи чоколадно млеко на децата, не сфаќајќи дека ќе се врати дома побогат.

При купувањето тој решил да земе картичка за гребење од лотаријата на Вирџинија и тој потег се покажа како добар, со оглед на тоа дека се работи за добитна картичка со џекпот од милион долари.

Виловби е само вториот играч кој ја освоил најголемата победа на тој натпревар. Има уште една добитна карта која сè уште не стигнала до својот среќен сопственик.

Веројатноста да се добие џекпот е еден од 1.632.000 случаи, објави лотаријата на Вирџинија.