Париз со години е еден од градовите со прекумерно загадување на воздухот, а сега главниот град на Франција сака да ја подобри климата во градот со засадување 170.000 нови дрвја.
Дополнителни дрвца ќе се садат секаде каде што има места, покрај улиците, плоштадите, парковите, но и покрај автопатиштата низ градот, соопшти градската управа. Целта е борба против климатските промени.
Дрвјата апсорбираат јаглерод диоксид, го подобруваат квалитетот на воздухот и придонесуваат за ладење на градот за време на летните топлотни бранови. Освен тоа, дрвјата се природна бариера за бучавата и визуелното загадување, што го подобрува здравјето на Парижаните и го намалува стресот.

Фото: Pixabay
Париз веќе е еден од европските градови со најмногу дрвја, потенцираат од градската управа. Во самиот град има околу 200.000 дрвја, а уште 300.000 во урбаните шуми Булоњ и Винсен.
Следетене на