Комбинирањето на бои може да го создадат  или да го нарушат вашиот ‘оутфит’. Значи, природно е да се чувствувате малку непријатно кога експериментирате со нови тонови и комбинации. Еве, ние ве носиме низ најразличен изглед искоординиран во боја, кој е возбудлив и ќе го зајакне вашиот стил. Од смело зелена и жолта облека до шик розови и сиви ансамбли, овие стилски идеи ќе ве научат како да носите смели бои без да се судирате. Еве ги комбинациите во боја на облека што треба да ги пробате оваа година.

1. Зелена и жолта боја
Нема ништо посвежо од мирисот на свежо исечена трева во топол летен ден, а оваа комбинација на бои е токму тоа. Свежо и чисто, зелено и жолто изгледа одлично на повеќето тенови. Ако имате тен со топли тонови, фокусирајте се на сенф, каки и темно зелена боја. Ако сте ладен тен, освежете ја облека со додавање на светло жолта и зелена боја.

2. Бледо сина и розова
Пролетта е сезона на пастелните бои.Нежно розево и сино може да звучат суптилно, но кога се стилизирани по вистински начин, тие можат да бидат исто толку привлечни како светла поп нијанса. Оваа комбинација на бои ќе ве потсети на нежнит мирис на јасмин и топол пролетен ветер.

Црвената и сината комбинација омилен изглед на сите времња.Неверојатно изгледа трансформацијата на пар фармерки со прилагодени со црвена јакна и ‘убиствени’ потпетици. Жестока кобинација за бизнис активност и забава до бесвест.Секси комбинација која го отвара и разубавува секојдневниот изглед.
4. Кобалт сина и тиркизна
Комбинирајте кобалт-сина со тиркизна боја и имате боја кој зрачи од моќност. Мислете на филмот “Појадок кај Тифани” и облечете ја комбинацијата која зрачи со елеганција и класа. Комбинацијата не мора да ја расипете со неутрална боја, како што е бела или крем, а кобалт сината и тиркизната комбинација се идеални со додатоци од сребро или злато. Нека фантазијата биде вашата граница.
5. Портокалова и сина боја
Портокаловата и сината боја е совршена шема на бои. Одлучете се за сини панталони и додајте портокалово блузиче или маица, или пак изберете парче што соджи мешавина од двете бои. За малку поразлично да биде, комбинирајте портокалова и темно морска сина нијанса. Без разлика како ќе ги носите овие нијанси не заборавајте да додадете совршен пар на чевли.