Пејачката Џеси Џеј на Инстаграм откри дека изгубила бебе кое го зачнала со вештачко оплодување.
Пејачката чие вистинско име е Џесика Корниш (33) споделила расплакана фотографија со своите придружници и го опишала своето патување во друга држава, како и моментот кога ја добила најтажната вест – бебето повеќе немало чукање на срцето.
– Решив сама да имам дете – започна Џеси, која во октомври се разведе од партнерот Макс Фам.
– Вчера се шегував со една другарка, како ќе пеам во Лос Анџелес без да им кажам на сите дека сум бремена? Но вчера попладне отидов на трет ултразвук и дознав дека срцето повеќе не мy чука. Во моментов немам контрола над моите емоции. Можеби ќе ми биде жал што го споделив ова со вас, можеби не, не знам – напиша таа.
Следетене на