Антиваксинери????? Делење памет и навреди од страна на машинобравар и инфлуенсери на доктори и специјалисти без претходно да се размисли дека многу лесно може да се падне во нивни раце! Лудило по социјални мрежи и исполитизирани демонстрации, угостители кои глумат “фини” и демек почитуваат човекови права па хумано ги затвараат рестораните со јавно објавена причина смешна- “за да не дискриминираат вакцинирани и невакцинирани”, хахахахахахсх!
Колега, пропаѓаш не биде смешен, уште од самиот почеток угостителите се мета за преживување. На кого глумиш?
Што е најлошо, антиваксинерите му даваат поддршка и му викаат браво за солидарноста, што е важно дали ќе имаш да јадеш ти и твојата фамилија или пак што е важно што си отпуштил 10 вработени најмалку, што те боли што ќе јадат тие фамилии. Важно е телото и изборот на антиваксинерите не лебот, нека цркнат угостителите и сите вработени.
Може пак нивната поддршка ќе ги нахрани, хахахаха! Тоа што љути драги антиваксинери е што коментирате на начинот на преживување на угостителите и ги ругате за смислени промоции за да им влезе било кој само за да имаат плати фамилии кои со години работат за конкретниот угостител но и да стигне да ја нахрани својата фамилија. Притоа газдата да не му намали платата и да не му рече да си оди, зошто ниту му следувало некоја од помошните мерки на Владата ниту има начин поинаков да му помогне бидејки веќе 2 години е мета на криза во услови на пандемијата.
Дали разбирате дека некој го вложил светот и последната пара за да отвори бизнис од кој ќе живее неговата фамилија и сега треба да изиграва кловн пред Влада да моли за избор да му влезат во локал луѓе со широк демократски став и познавање на своето тело и помеѓу луѓе кои сакаат да умрат. Како што вие антиваксинери имате став за вашето тело и јас тоа го почитувам исто така треба и вие да го почитувате обратниот став. Ако на глас се противите на обратниот став на државата зошто подржувате некој кога сака да го затвори локалот, зошто некој да тоне во беда и го охрабрувате, само затоа што некој ви се приклучува на солидарниста.
Кај ќе ви одат душите?
Терајте си го патот на кој никој не ви пречи од угостители но барем не коментирајте и не ругајте ресторани кој молат барем за една маса од која ќе плати некој леб за некој децка уста. Затоа угостители, ви се допаѓа или не сега треба да преживееме од вакцинираните и тоа е вистината, друг извор нема, се друго сега за сега ќе не однесе во пропаст и нас и нашите вработени.
Не отворивме хуманитарни организации, водиме бизнис за да капне барем нешто во оваа држава со години. Ниту еден газда не сака локалот да му е празен и и да брка вработени кој со години работат кај него. И нас ни е тешко кога враќаме невакцинирани. Но некогаш со глава во ѕид не оди, гледаш да скрпиш нешто за лојалноста спрема тимот кои работи да задржи ниво.
Ниту ќе го затворам локалот, ниту ќе ги оставам вработените на улица туку храбро ќе барам начини како да скрпувам плати во овие услови. Солидаризација од типот “не дискриминирам вакцинирани и невакцинирани” од страна на угостители во ова време е само “тешко глумење лудило”. Поточно затварам зошто неможам да преживеам. Живејте се вистината и со оружјето во рака се поинаку ќе остана на збор а не во дела.
Од Разорачан антиваксинер угостител
Името познато на редакцијата
Seen by Elma Demirovska at July 27, 2021 at 9:32 PM
Enter