Денеска низ скопските улици се одржа уште едно издание на Скопскиот Маратон. Учествуваа над 6.000 учесници во сите конкуренции на годинашниот Скопски маратон. Победници на Скопскиот маратон се македонските атлетичари Дарио Ивановски и Андријана Поп Арсова. Дарио Ивановски после 21 година го сруши македонскиот рекорд и постави нова граница со време од 2:21:27 часа додека Андријана која исто постигна нов македонски рекорд со време од 2:40:36 часа.

Додека на полумаратонската трка исто така победи македонска претставничка, Милјана Ристиќ со време од 1:26:09 часа, додека во машката конкуренција победи Митко Ценов од Бугарија.


Фотографии: Facebook: Skopski Maraton