Љупчо Бубе Петрушевски ,еден од најдобрите стилисти кај нас, ќе ви помогне како да бидете ултра модерни оваа летна сезона.Тој вели дека актуелна е кусата женска боб фризура и степенот кој се враќа во мода. Боб фризурата е најлесна за одржување,а сезонава модерни се песочните тонови на бојата за коса, потоа циметот и кајсијата,раскажува Бубе.Според него за дополнителна промена на вашиот изглед,може да ја промените и бојата на косата со посебни техники за бојадисување.
-И мажите сезонава може да се пофалат со лежерен изглед, а на фризерите им е дозволено да бидат креативни кога се во прашање машката мода, додава Бубе Ин од модното студио „ Бубе Ин„ во центарот на Скопје.
Еве неколку идеи…
Следетене на