Пејачот и фронтмен на групата „Парни ваљак“, Аки Рахимовски, почина денеска, 22 јануари, на 67-годишна возраст.
Тажната вест ја споделија на официјалната фејсбук страница на групата „Парни ваљак“.
– Драги пријатели, со неопислива тага во нашите срца, ве известуваме дека денес, 22.01.2022 год. Аки Рахимовски засекогаш заспа – се наведува во соопштението.
„Za malo nježnosti na sve ću pristati za malo nježnosti da mogu zaspati“, стои во објавата, која е стих на хитот „Za malo nježnosti“, популарен бенд.
Следетене на