Оливија Њутн Џон, познатата актерка и пејачка, ѕвездата од филмот „Брилијант“ почина на 73-годишна возраст по битката со ракот на дојката која траеше повеќе од 30 години.

– Почина мирно на својот ранч во Јужна Калифорнија, утрово, опкружена со семејството и пријателите – стои во соопштението до јавноста.
Семејството побара медиумите да ја почитуваат нивната приватност во овој тежок период.

За прв пат ѝ бил дијагностициран рак во 1992 година, додека во 2019 година актерката објави дека е во четврти стадиум од оваа сурова болест.

Многу ѕвезди, меѓу кои нејзиниот колега и голем пријател Џон Траволата, со кој глумеше во култниот филм „Брилијант“, се огласи на социјалните мрежи за тоа колку тешка му била нејзината смрт.

„Најдрага моја Оливија, ти ги направи сите наши животи многу подобри. Твоето влијание беше неверојатно. Те сакам многу. Ќе се видиме на пат и сите повторно ќе бидеме заедно. Твој од првиот момент кога те видов и засекогаш! Твојот Дени, твојот Џон“, напиша Џон Траволта покрај фотографијата на Оливија.