Пејачката и текстописец Шајни О’Конор на Твитер потврди дека починал нејзиниот 17-годишен син Шејн.

– Мојот убав син, светлината на мојот живот, реши да ја прекине својата земна борба и сега е со Бога. Нека почива во мир и никој да не го следи неговиот пример. Мед. Многу те сакам – напишала Шајнид на социјалната мрежа.

Дејли Мејл пишува дека тинејџерот Шејн исчезнал во четвртокот, па полицијата веднаш почнала да бара. Последен пат е виден во Јужен Даблин, а во саботата полицијата соопшти дека потрагата е прекината.

„Откако телото беше пронајдено во петокот на 7 јануари, истрагата за исчезнатиот 17-годишен Шејн О’Конор беше прекината“, изјави портпаролот на полицијата, пренесува „Сан“.