Сакавте одморот за зимските празници да го поминете во комплетно уживање и релаксација надвор од се? Разгледајте го нашиов список за најлукс места во светот, каде навистина ќе поминете ,,кралски“ одмор.

За Нова Година во Париз

Доколку патувате со Вашиот партнер Париз е идеално место за Вас. Огромниот број туристи, осветлениот град, Ајфиловата кула, Champs-Élysées , вечера со крстарење е најдобриот начин да се заврши денот. Изберете крстарење со Bateaux Parisien и доживејте гастрономско уживање.

bridge during night time

Хотелот Буда е еден од најлуксузните хотели во Париз, каде имате 24 часовна услуга, спа и велнес центри.

Дубаи

На 31 декември, можете да резервирате своја приватна забава во хотелот Палас во центарот на Дубаи за 530 фунти по човек. Изберете сопствено мени, бенд кој ќе Ве забавува, со поглед на осветлената фонтана на Дубаи и езерото Бурџ, плус прекрасниот огномет на Бурџ Калифа за комплетно уживање.

Burj Al Arab

Доколку баравте инспиративен декор, традиционална кујна, место за фамилијарен и групен престој, луксуз и глам Ви го предлагаме хотелот Atlantis The Palm.

     

Шопинг и скијање на мраз во Њујорк?

Излозите на најлускузните продавници во Менхетен за време на Божиќните и Новогодишните празници е она што мора да го видите. Кој би оддолил на вакво искушение? Потоа препорачуваме скијање на мраз. Рокфелер Центарот се трансформира во најубавата зимска бајка. Во уметничко лизгање може да уживате и во Волман Ринг, Централ Парк.

Во Њујорк имате огромен избор на хотели, наш предлог е Refinery Hotel кој се наоѓа близу до Тајмс Сквер, истовремено е ,,оптоврен“ со луксуз.

За сончев Божиќ – Божиќен остров

Нека името Божиќен остров не ве збунува. Овој остров е идеално место на уживате во сонцето, далеку од се за време на Новогодишните празници. Се наоѓа на австралиска територија на Индискиот океан. Пешачење по преубавите песочни плажи, зајдисонцата, птиците, нуркањето, дефинитивно овој остров ќе Ве освои.

За удобен престој Ви го препорачуваме хотелот ,,The Sunset“.

За Нова Година во Банког

Одлична опција за најлуди Новогодишни забави во огромниот број на барови на покрив, со преубави погледи на градот. Изобилува со новогодишни украси, светлики во илјадници бои. За новогодишната ноќ приклучете се на крстарењата по реката Чао Праја во Банког. Тука најдобро може да уживате во традиционалната храна и прекрасниот огномет.

Доколку во пакетот баравте и лукс престој Ви го предлагаме хотелот Lebua At Tower. Ви нуди спектакуларен поглед, бар на покривот од хотелот, идеална храна.

 

За вистински одмор на Карибите

Нишање на палмите, топлите аквариумски води, идеалните плажи нудат застрашувачки добро зимско бегство.  Идеални плажи: Холтаун, Беј Алејнс, Turtle beach.

Тука ќе најдете многу луксузни хотели, а веруваме дека еден од најдобите избори е Coral Reef Club, кој изобилува со тропски градини, спа центар, со сопствен ноќен клуб и салон за убавина.