По повод долгогодишната соработка и пријателство помеѓу Франција и Германија и јубилејните 57 години од потпишувањето на Елисејскиот Договор , Амбасадите на овие две држави во Скопје организираат настан во Кинотека Скопје на 23ти Јануари 2020 во 19ет часот. На самиот настан ќе биде проектиран документарниот филм Тајните на шумата на Лик Жаке. Доколку ја обожавате француската кинематографија и сакате да присуствувате на настанот можете да побарате резервација на следниот линк:Тајните на шумата, 23.01.2020