Во пресрет на Новогодишните празници, во едно од најубавите места со магичен поглед на градот, Атиџе Муратова и Сузана Турунџиева ќе имаат задоволство да им го претстават на фановите нивниот прв – долгонајавуван албум „Пола тебе – пола мене“ (кој е целосно продукциски изработен во познатото студио Кентаур кај Маестро Roberto Pop Dimitrov во Штип), како и видео матерјалите снимени во Р.Турција. Албумот ќе може да се купи на местото на настанот, а средствата од сите продадени примероци ќе бидат донација за Атиџе Муратова. Така да, ако досега сакавте на некаков начин да и помогнете на Атиџе, а не знаевте како, ова е тој момент. Напомена: бесплатни примероци од албумот ќе добијат само акредитирани новинари и присутни ТВ лица на настанот. Кон оваа благородна иницијатива се приклучија и компанијата СН Брокер, Пом-аква и уште неколку други хумани личности кои сакаа да останат анонимни. Со голема радост се приклучи и целиот менаџерски тим на Micasa заедно со нивниот прекрасен бенд Micasa band, кои подготвуваат изненадување и музички подарок за сите присутни.
Поради ограниченоста на просторот и мерките во овие пандемиски услови, (за жал) во конференциската сала на Micasa ќе може да присуствуваат само 40тина гости, но сите останати кои сакаат да присуствуваат на настанот, да купат ЦД и да се фотографираат со Атиџе и Сузана, ќе можат да го купат ЦД – то во една од магичните топки на Micasa во надворешниот дел и да се дружат со Сузана и Атиџе.
Повелете, со радост Ве очекуваме во среда на 15ти во 19ч.
Тимот на „Пола тебе пола мене“
Напомена: Кога одите на промоција не купувајте цвеќе – купете албум и бидете хумани!
Следетене на