Во текот на месецов познатат модна куќа Dior ја најави својата нова модна ревија на која ќе биде претставена колекцијата Haute. Кога се во прашање познатите модни куќи најголем кај публиката остава тоа што е поразлично, па затоа се појавува и прашањето со што овојпат ќе не изненади Диор? Она што веќе го знаеме дека креативната дирекотрка на Диор, ја ангажирала радикалната феминистка Џуди Чикаго за да го дизајнира целиот простор каде што ќе биде претставена новата колекција.

Модната ревија и целиот дизајн под наслов,, Женското божество“  е отворена за јавност од 26ти Јануари, во музејот Родин, во Париз. Ќе бидат презентирани и креации изработувани од талентирани студентки од Индија, на кои ќе се наоѓаат прашања како што е ,,Што ако жените завладеат со светот?“ Целата идеја на Џуди е да стави акцент на односот помеѓу мажите и жените, односно да покаже дека целата таа дистинкција и однос помеѓу мажите и жените го одредува начинот на кој живееме.

Она што можеби би Ве заинтересирало за Џуди Чикаго е дека таа се занимава со едукација за феминизмот многу долги години, автор е на неколку дела, а особено е позната по инсталација/изложбата ,,The Dinner Party“. Преку оваа историска исложба на уметнички приказ се напишани истакнатите жени низ историјата.

Модна куќа Dior е позната по нејзината подршка на голем број жени уметници и не е прв пат да се слават талентирани и силни жени.