Поп-пејачката Ребека Ј.Ристески е првиот женски изведувач кој успеа да ја донесе поп културата во Македонија.Нејзините големи хитови како “ Обиди се“, “ Сакам нешто жешко“, “ Мачо“ и многу други, ја направија една од најпопуларните поп ѕвезди во 80-тите. Денес Ребека е во брак со д-р Мики Ристески и е мајка на три сина. Нејзината музика остави голем белег во македонската поп музика, но уште поинтересен е нејзиниот имиџ по кој таа е и препознатлива. Долгите нозе, полните усни,русата коса , со имиџ на поп дива( ултра кратките здолништа и кожените корсети, јакни) ја направија Ребека уште по атрактивна, а таа не го криеше својот сексапил ниту во спотвите, ниту на јавните настапи.Сите се вртеа по Ребека.Посебно кога носеше црни чипкани чорапи и секако високите потпетици по кои, и ден денес, е препознатлива. Ребека моментно е повлечена од естрадата и е посветена на хуманитарната работа, односно со нејзиното здружение “ Дајте ни крилја„ е голем активист за правата на лицата со посебни потреби.
Следетене на