Поп- пејачката Ребека Ј.Ристевска на својот Фб профил објави апел за помош на лицата со попреченост. Еве што напиша таа.
-Ви се обраќам пред,се како мајка,а потоа како активист и борец за правата на лицата со попреченост. Деновиве неколку представници на здруженија, родители, лица со попреченост под името Коалиција Менуваме се здруживме и излеговме на протест. Имаме многу барања кои по кој знае кој пат ги доставивме до Влада На РС Македонија, политичари и пратеници. Се сретнавме со владини представници и со Министерката при МТСП Шехпаска. Од страна на владините представници беше побарано да издвоиме неколку приоритетни барања (иако сите се со години приоритетни за нас) и да почекаме 7 работни дена за одговор дали нашите барања ќе бидат прифатени. Потребна ни е подршка од сите граѓани. Потребни сте ни вие,спортистите,гордоста наша Македонска во целата оваа долгогодишна и макотрпна борба за остварување на правата на лицата со попреченост. Потребни се поддршката ваша и поддршката на Светските спортски имиња заради подигнување на свесноста. Сакаме целиот свет да знае дека ние сме обесправени и дека Конвенцијата за правата на лицата со попреченост во нашата земја не се почитува иако е ратификувана и потпишана.
Затоа ве молиме нашите транспаренти ЗА ПОВЕЌЕ ПРАВА ЗА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ!!! ВЕ МОЛИ МАКЕДОНИЈА Да ги испринтате на А4 формат или со маркер на Македонски јазик или Англиски јазик и да се фотографирате со нив и споделите со Вашите колеги,спортисти од регионот и целиот Свет. Фотографиите да ги споделите, објавите и на тој начин да покажете дека и вие сте со нас и не поддржувате.
Се надеваме дека ќе сакате да ни излезете во пресрет и да не поддржите!
Заедно сме посилни!
Ви благодариме многу и чекаме што поскоро да ни одговорите.
Со почит и љубов,
Ребека Јанковска Ристески
КОАЛИЦИЈА МЕНУВАМЕ

Следетене на