Ресторанот НОМА на тетовчанецот Рене Реџепи, е избран за најдобар во светот, пишува Алсат.
Ресторанот на тетовчанецот Рене Реџепи кој детството го поминал во Македонија а моментално живее во Копенхаген е прогласен за најдобар на светот по петти пат. „Нома“ ја освои оваа награда и во 2010, 2011, 2012 и 2014 година.

Ресторанот на 43-годишниот Реџепи, кој е роден во Копенхаген, а потекнува од тетовското село Џепчиште, беше избран прв меѓу 50-те најдобри ресторани во светот за 2021 година. Овој кулинарски настан кој е спонзориран од С. Пелегрино и Аква Пана се одржа во Антверпен каде што започна на 3 октомври, а заврши на 5 октомври со победата на Реџепи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by noma (@nomacph)