“Кога се сака се се може” :)- сигурно веќе ја имате слушнато оваа клише изрека која многупати го потврдила своето значење. Така и овој пат-на роматичен и мил начин Ли Лечлер ја искажа љубовта кон својота партнерка преку несекојдневен пристап.

Имено, креативниот  Ли Лечер успеа да вметне анимирани верзии од него и неговата сакана Стути во нејзиниот омилен анимиран филм Заспаната убавица. На овој проект посветениот артист работел повеќе од половина година со цел да ја запроси неговата сакана. Погледнете го ова прекрасно видео кое за само еден ден достигна 2,5 милиони прегледи.