Нејзиното име е Ана Абаз.Таа е родена во Шутка,самохрана мајка, која денес веќе 18 години живее во Шведска. Ана е медицинско лице, инфуенсер ,но и мејк ап артист.Ни рече дека работи на повеќе работни места за да може како самохрана мајка да се грижи за нејзините деца.
-„Кога ја земав дипломата како меј ап артист, отворив Инстаграм ,каде покажував видеа како девојките сами да се средуваат.Еден ден, добив порака од една позната козметичка фирма од Шведска која ми понуди добра сума на пари,за да им ги продадам моите фотографии.Се договоривме и така почна мојата Инстаграм приказна.Денес ,рекламирам преку стотина познати шведски фирми и заработувам одлично“,вели Ана.
Како инфлуенсерка Ана стекнува голема популарност во Шведска и во другите соседни земји. По Инстаграмот,таа се приклучува на платформата Тик Ток каде денес има 34,5 милиони следбеници,а секое видео и е гледано над 526,7 милиони.Овие бројки ја ставиле на првото место на Тик Ток за најпосетен профил. Ана вели дека рекорд и е еден милион лајкови кои ги добила за половина час.
-“ Јас сум самохрана мајка и се обидувам во животот се сама да направам. Згора на тоа сум Ромка која ги руши сите предрасудиза жените генерално а особено за жената Ромка. Сите сме луѓе, тоа не смееме да го заборавиме. Порано беше срамота Ромка да биде разведена и со дете. Денес се други времиња. Но, морате сами да се изборите, како знаеме и умееме. Мене тоа ми успеа. Заработувам одлично без притоа никој да ми помогне. Жената не смее да мисли дека е глупава и дека не може да успее без партнерот или таткото на своите деца“,додава Ана.
Следетене на