Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез ги очекуваат второто и третото заедничко дете! Оваа информација ексклузивно ја пренесе весникот „Хола“, додека ја пренесоа и сите други релевантни шпански медиуми како Маркe, Мундо Депортиво, Ел Паис, а во меѓувреме стигна само потврдата на оваа двојка!

Ова ќе биде шесто дете за Роналдо, бидејќи досега го има Кристијано Роналдо Џуниор, како и близнаците Ева Марија и Матео Роналдо, како и ќерката Алана Мартина. Со исклучок на неговата ќерка Алана Мартина, која му ја роди Џорџина, Роналдо имаше уште три деца од сурогат мајка, чиј идентитет никогаш не беше откриен.

Роналдо во минатото најавуваше дека би сакал да има уште деца, а судејќи според вестите во шпанските медиуми, неговата желба наскоро ќе се исполни. Во меѓувреме и самиот фудбалер се фотографирал од спалната соба и потврдил дека тој и Џорџина чекаат близнаци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)