Американската асоцијација на кинематографери (ASC) на 34тото доделување на награди, им додели награда на кинематограферите од „Медена земја“, Самир Љума и Фејми Даут.
Официјалното доделување беше од режисерот и продуцент на „Џокер“ Тод Филипс на 25ти Јануари, 2020та година. Тод Филипс во својата најава,покрај другото, рече дека ова е златно време на документарниот филм (golden age for documentaries) Dedline.com.
Во продолжение може да го погледнете интервјуто со Самир Љума и Фејми Даут после добивање на наградата.
„Медена земја“ има добиено повеќе од 15 награди на престижни фестивали ширум светот. Во очекување на дваесет и второто доделување на Оскарите, кое ќе се одржи на 9ти Февруари во Холивуд во театарот Долби, а каде што Медена земја“ е номиниран во категориите: „Најдобар документарен филм“ и „Најдобар интернационален долгометражен филм“.
Следетене на