Ново креираната онлајн платформа за пласирање на аудио книги на македонски јазик- Самоглас е старт-ап иницијатива на организацијата Флуктус.
Платформата претставува веб апликација за пристап до аудиотеката (аудио библиотека), како нов модел за пристап до литературна содржина на македонски јазик.
Во соработка со издавачката куќа “Херои”, поддржана од “Икона” на неа може да се слушаат неколку книги на македонски јазик: Малиот принц, Ромео и Јулија, Животинска фарма и Дневникот на Ана Франк, но активно се работи на дополнување на содржини.
Преку оваа платформа им се овозможува и олеснува пристапот на сите до литературна содржина, особено на лицата со инвалидитет,слепите,слабовидните лица,како и на лицата со дисклексија.
Моментално Самоглас е достапен преку веб страната, но може да се следат на Facebook, и на Инстаграм.
Дел од содржината е преземана од радиомоф.мк
Следетене на