Актерката Сара Џесика Паркер (56), која ќе ја повтори познатата улога на Кери Бредшо во продолжението на „Сексот и градот“, одговори на критиките за нејзиниот изглед.
Во интервју за Вог, актерката им возврати на коментаторите кои го исмеваа враќањето на ликовите во претстојната серија „And Just Like That“ на HBO Max, само затоа што се постари.
„Има толку многу мизогински коментари за нашиот изглед што никогаш немаше да се случи ако беше маж во прашање“, рекла Сара Џесика Паркер и додала: „Седа коса. Дали таа има седа коса?“
„Седам со Енди Коен, а тој има полна седа коса и е одличен. Зошто е тоа во ред?“, прашала актерката и додала:
“Не знам што да ви кажам луѓе! Особено на социјалните мрежи. Секој има што да каже. Има премногу брчки, недоволно брчки.”
Таа истакна дека изгледа како луѓето да не сакаат познатите личности да бидат спокојни со тоа како изгледаат – дали ќе изберат да стареат природно и да не бидат совршени, или ако прават нешто што ги прави да се чувствуваат подобро.
“Знам како изгледам. Немам избор. Што да правам во врска со тоа? Да престанам да стареам? Да исчезнам?”
Следетене на