Општо прифатен стереотип е дека со доаѓање на есента, дождливото и студено време се збогуваме и со светлите бои. Време е да се побие овој стереотип, а први се обидоа светските модни инсајдери. ,,Ако не можеш да го промениш времето, променете го својот став спрема него“.
Светлото одело, доколку правилно го комбинирате, може да биде совршено прибежиште од секјдневниот деловен изглед и темните есенски бои. Што е најважно, оделото ќе Ве спаси од секојдневната дилема, што да се облече денес? Тоа се вклопува во секоја прилика.
За секојдневен изглед во канцеларија комбинирајте го со сива, бела кошула и чизми со удобни потпетици. За вечерни излегувања, деловни вечери, чизмите заменете ги со потпетици. Носете го со контрастен капут или чевли.
Слободно носете светли нијанси како што се светло розе, жолта, светло виолетова, крем боја, не само што ќе изгледате убаво туку и ќе влијае врз вашето расположение.
Обидете се панталоните да бидат тесни, но со сакото може да си поиграте. Доколку Ви здосадија долгите сакоа, облечете кратко со украсни копчиња и.т.н Бидете креативни во изборот! Овде Ви нудиме неколку предлози од познати модни инсајдери.
Следетене на