Даниел Стефановски со потекло о Македонија кој живее во Швајцарија ,од својата 13 годишна возраст се занимава со кик бокс. Досега има околу 70 борби. Три пати е светски првак во ВКУ,ИСКА и Суперкомбат, четири  пати е европски првак и пет пати е првак во кик бокс во Швајцарија.

За нашиот портал ова младо момче вели дека неговата категорија е 77-83 килограми, дека има реализирано борби скоро во целиот свет, Русија, Кина, Германија, Дубаи и многу други земји.

-“Моите родители по потекло се од Куманово, но јас сум роден во градот Баден. Често на моите борби го носам и македонското знаме зошто сум македонец и чест ми е што светот може да го види тоа“, вели Даниел.

Тој е роден во 1996 година,во хороскоп е овен. За себе вели дека e мирољубиво момче кое сака предизвици.

-“Кога влегувам во рингот сакам да дадам  се од себе. Сакам да се борам со најдобрите борци. Мој идол е татко ми, кој ме научи и за тоа како да се борам во животот воопшто“, додава Даниел.

Неговото животно мото е-“Треба секој ден да го живееш како да е последен“.