,,Гладни“ сте за нова кулинарска авантура? Прочитајте за следниве дестинации кои се прогласени за мета на местата кои ја имаат најдобрата храна!
Тел Авив – Израел
Доколку сте обожавател на веганскиот начин на исхрана, тогаш ова е вистинскиот избор за Вас. Тел Авив е светски прогласен за град кој ги има најдобрите вегански специјалитети. Конкуренцијата е голема – 400 големи ресторанти со превкусна веганска храна, дело на врвни готвачи. Посетитетителите на сцијалните мрежи најмногу ги препорачуваат Four One Six, Bana и Opa. Готвачите готват со исклучиво свежи состојки, органски и свежи зачини. Ниту едно патување до Израел нема да биде целосно искуство без да ги пробате превкусните хумуси и фалафел.
Галвеј, Ирска
Ова е дефинитивно голема година за Ирска. Не само што е прогласена за Европска престолнина на културата за 2020 година, туку е и раскошен центар на гастрономијата. Галвеј, западниот дел на Ирска беше прогласен за официјален европски регион на гастронимијата за 2018 година. Во ресторантот Loam, менито на шефот готвач Енда Мекево се менува секој ден во зависност од локалната достапност. Најмногу препорачувани места се ресторантот Аниар, Каи. Доколку сте љубител на рустичниот стил ,,Пабот на рибарите“ кој се наоѓа во замокот Балинахинч е едно од најрустичните места, а со изненадувачки елегантно мени.
Хјустон, Тексас
Овде дефинитивно ќе ја најдете разноликоста на интеркултурната кујна. Дали сакате специјалитети во американски стил со италијански, виетнамски и мексикански влијанија? Тие го имаат тоа. ,,Олабавете ги ремените“ пред да влезете во ,,Текс-Мекс“. Доколку сте љубител на староамериканска класична храна Frank’s Americana Revival е познат по бифтекот, пржено пилешко или пробајте ги најдобрите вафли во „Либерти кујна“.
Кадиз, Шпанија
Јужно од Севиља, зад аголот од гужвата на Коста де Сол се наоѓа Кадиз, местото за кое шпанците имаат и посебен збор ,,gaditano“, затоа што тоа е гастрономскиот шарм во цела Шпанија. Овој град е познат по прекрасно подготвената морска храна и други рустични шпански специјалитети.
Тбилиси, Џорџија
Овде е највкусната храна, најбогата со јаглехидрати. Тука се најдобрите традиционалните јадења со елементи на модерна храна. Топ специјалитети на ова место се Еларџи – специјалитет од бавно варена пченка кое изгледа како хумус, но има еластичност на фунж. Тука се и Бајје – сос од орев, зачинет со коријандер, кахапури (тркалезен леб полнет со сирење) .
Следетене на