Стареењето е неминовен процес, но тоа не треба да не спречи во постојаната потрага по иновации за убавина и нега на кожата. Во денешно време постојат многу луксузни и современи центри за релаксација и убавина и сигурно сте посетиле барем еден. Верувајте, овие се вредни да платите авионска карта!

Бања во алги – Слиго, Ирска

Замислете се како уживате во бања со алги кои се собираат дирекно од незагадениот атлантски брег во Ирска. И покрај неговиот скромен изглед третманите во овој салон се повеќе од ефикасни. После утринската доза сурфање, посетете го овој салон и искористете ги придобивките на таласотерапија(терапија со морска вода и морски елементи). Овој органски третман со алги има многу придобивки по здравјето и многу ефективен резултат кај отстранување на целулитот и омекнување на кожата.

woman in white bathtub holding clear drinking glass

Криотерапија во Лондон, Велика Британија

Оваа терапија потекнува од Јапонија, а денес станува се попримамлива и популарна. Со една терапија се согоруваат од 500 до 800 калории. Плаќањето за да бидете замрзнати за триминутна сесија може да ви изгледа необичен начин да го искористите времето додека сте во Лондон, но верувајте придобивките се огромни. Затегнување, тонирање и измазнување на кожата, како и стимулирање на циркулацијата и зајакнување на колагенот се придобивките од оваа ,,ладна“ терапија.

Винотерапија во Бордо, Франција

Бордо е место кое е познато по големиот број на винарии, тука може да го вкусите најдоброто вино, но и да уживате во неговите благодети. Во Бордо се наоѓа бањата ,, Барел бања“ која Ви нуди уникатна терапија со вино. Оваа терапија вклучува чистење на кожата на лицето и телото со органски производи од грозје во комбинација со мед, кафеав шеќер. Тука добивате пилинг со семки од грозје и многу други природни третмани кои имаат екстра ефект.

person holding grapes