Ладното и променливо време предизвикува губење на хидратацијата на кожата на лицето со што вашето лице изгледа истоштено, суво и бледо. За да го одржите сјајот и свежината на вашата кожа на лицето ви предлагаме маски чиј ефект е видлив веднаш после првиот третман.

Маска за сува кожа од авокадо, манго и мед

  • 2 лаж. мед
  • 2 лаж. авокадо
  • 2 лаж. маслиново масло
  • 1 пасирано манго

Смешајте ги сите состојки и нанесете на лицето. После 15 минути избришете со топла крпа.Оваа маска е неверојатно добра за вашето лице! Ефектот е видлив веднаш!

Медот има својсто да  хидрира, а авокадото е богато со Омега 3 и витамин Б кои се добри за лимфниот систем и за обнова на липидниот слој на кожата. Пасираното манго и дава сјај и ја осветлува кожата на лицето, бидејќи содржи витамин Ц. Маслиновото масло има анти- инфламаторно дејство и помага при отстранување на дамките настанати од сончевите зраци. Препорачливо е оваа маска да ја користите 3пати неделно.

Маска за комбинирана кожа од куркума- троен ефект 

  • 1 лажица органски грчки јогурт
  • 1 лажица мед
  • 1/2 лажица куркума во прав
  • 1 лажица алое вера

Смешајте ги сите состојки и ставете на лицето. После 15 минути измијте со млака вода.

Оваа маска е добра бидејќи е анти-бактериска, анти-инфламаторна и супер хидратантна. Медот и алое верата се природни анти септици, најдобри за да ја одржат вашата кожа на лицето чиста. Куркумата има анти-инфламаторно дејство, а грчкиот јогурт ќе ја зајакне хидратацијата на вашата кожа.

Маска за истоштена кожа од кафе и куркума

  • 1 лажица мелено кафе
  • 1 лажица куркума во прав
  • 1 лажица грчки јогурт

Смешајте ги состојките и ставете на лицето, нанесето добро на лицето и опфатете го делот под очите. Оставете да стои 20тина минути и потоа отстранете со топла и влажна крпа.

Оваа маска е има траен ефект доколку се користи од 2-3 пати неделно. Ефективна е бидејќи кафето содржи кофеин и антиоксиданти. Кофеинот ја редуцира инфлмацијата, односно отокот под очите, а антиоксидантите и даваат прекрасен сјај на кожата на вашето лице. Куркумата е полна со витамни Ц кој ја осветлува кожата, а јогуртот ја оменкува.