-Лудо се вљубив во неа и веднаш знаев дека сакам цел живот да бидам со неа. На Свети Валентин пред две години таа клекна на колена и ме запроси, беше се така традиционално, плачев јас, плачеше и таа – изјавила за медиумите Саманта Фокс.

Свечената церемонија ја направиле во Есекс, со многу гости кои ги забавувал норвешкиот бенд Бобисокс.

Саманта, која на почетокот била модел, решила да се испроба во музичките води во 1986 година, кога го издаде албумот ,,Touch me”, и стана светска сензација. Денес саманта има 56 години и е во среќен брак со нејзината партнерка Линда Олсен.

Пејачката беше секс бомба со своите 90-60-90 пропорции, работеше и како модел. Таа во својата книга објавена во 2003 година откри дека ја привлекуваат и мажи и жени, а пред неколку години раскажа дека била вљубена и во својата менаџерка Мајра Стратон која починала во 2015 година.