Пејачот Аца Лукас, како што е познато, на крајот на јануари бил во болница поради исцрпеност, а сега одлучил да поработи на тоа да си го подобри здравјето. За тоа ги презел следните чекори.

– Во минатото претерав со обврските. Го забавив темпото на живот и сега сум добро. Почнав да тренирам, тешко ми е, бидејќи последен пат вежбав кога бев во затвор. Се откажав од алкохолот, дури и да можев да се откажам од цигарите, ќе бев примерен граѓанин – изјави Аца Лукас во интервју за „Ало!“

Пејачот претежно времето го поминува со децата

– Важно е родителите да не ги лажат децата и да не ги ставаат проблемите под тепих. Ако детето не слуша работи во куќата, ќе ги слушне на улица, а тоа е опасно. Секогаш кога ќе донесе нешто свое, важно е да нема табу тема, без разлика дали се работи за дрога или за машко-женски односи… За се мора да се зборува дома. Се обидувам да ја натерам мојата најмлада ќерка Викторија да научи се од нејзините родители, но светот е полн со пречки и човекот учи од грешките. Мораме самите да направиме за да видиме што е добро, а што не. А кога ќе згрешат во животот, јас ќе стојам зад сите мои деца и секогаш ќе бидам тука за нив – изјави пејачот.

Извор: telegraf.rs