Денес е светска ѕвезда, а детството го поминала во нашиот Гостивар.

Пејачката и текстописец Бебе Реџа веќе долго време е во светската музичка индустрија.

Светски познатата ѕвезда е родена во Њујорк, а нејзините родители се Албанци од Дебар кои емигрирале во САД во текот на 80-тите години од минатиот век. Нејзиното вистинско име е Блета Рекса.

Дека ги почитува своите корени сведочат и фотографиите кои некогаш ги поставува на своите социјални мрежи, а во една прилика објави и фотографија од македонски ајвар.

 

Вчера пак таа изненади со фотка од Гостивар, Македонија, на која е фотографирана со прабаба ѝ, на четиригодишна возраст.

ИЗВОР: hashtag.mk powered by faktor.mk