Комбинирана кожа значи дека Вашето лице е изложено на два или повеќе различни типови на кожа. На пример многу е честа комбинацијата на мрсна Т зона, а суви образи. Според дерматлозите сите ние имаме комбинирана кожа на некој начин па затоа треба да ја третираме правилно.
Комбинираната кожа може да биде иритантна, особено мрсната зона која е многу важно да биде третирана. Внимавајте со употребата на алкохолни или пенести и несоодветни производи за чистење на лицето затоа што може да предизвикате несакан ефект, бариерата на кожата може да стане неурамнотежена.
Која рутина за нега на кожата се препорачува за комбинирана кожа?
Најпрво измијте го лицето со препарати за миење со прилагоден pH фактор. Следно, користете серум богат со антиоксиданти за да ја заштитите кожата од секојдневнииот стрес и да им помогнете на клетките да се регенерираат. Откако ќе се апсорбира серумот, нанесете лесен хидриратор (по можност лосион или гел со хијалуронска киселина) за зајакнување на хидратацијата и одржување на сјајот. Ексфолијацијата е корисна за отстранување на мртвите клетки на кожата и прекумерното масло.
Како да се третираат акните ако имате комбинирана кожа?
Се применуваат истите работи: Нежното миење ја спречува кожата да стане премногу сува и чувствителна. Салицилна киселина во миењето и користење маски за лице ја смируваат кожта. Бензил пероксид, исто така, помага да се деблокираат порите и да се намали воспалението. Интересно е што студиите покажуваат дека бензил пероксид го намалува витаминот Е во кожата – природен антиоксиданс, затоа секогаш се препорачува допонително да се внесува витамин Е при третман на акни.
Како да се справите со областите во кои доминира сувата кожа?
Редовно чистење на лицето, употреба на маска за кожа која е богата со витамин Е, глицерин, салицилна киселина, календула и алое вера. Користете лосион кој потоа може да го измиете со минеална вода.
Кој е најдобриот начин за прикривање на сјајната Т-зона?
Користете пудра за лице исклучиво наменета за комбинирана кожа која ги минимизира порите во мрсните области. Избегнувајте пудра во прав, бидејќи компактовите пудри во прав ќе ги потенцираат областите на сувост и ќе ја направат кожата да изгледа досадна и безживотна.
Следетене на