Еден од нашите најпознати стилисти Зоки Давитков од Штип, сопственик на салонот за убавина „ Диор-Штип“, најверојатно наскоро ќе отвора луксузен салон за убавина во Скопје. Наши извори велат дека салонот ќе биде во скопската населба Аеродром и тоа на луксузна локација и дека целиот ентериер ќе биде донесен од Дубаи. Зоки не сакаше да потврди ниту да негира за оваа шпекулација.
-Не можам да ви дадам изјава пред време.Има нешто,не велам не, но еве ветувам дека ќе ве поканам на отворањето,ни рече Давитков во телефонскиот разговор.
Инаку Давитков веќе долго време е личен стилист на популарната српска пејачка Анабела, ја шминкаше и Јелена Карлеуша и многу други српски мега ѕвезди.
Македонската естрада не почнува со пеење кога е “ Макфест“, без да ги разубаве Давитков. Лепа Брена еднаш изјави дека неговите златни раце штета што не се во Србија.
Следетене на