Подолго време сте во љубовна врска со партнерот, иако се убедувате дека се е прекрасно, Вие и понатаму сте несреќни. Хронично сте незадоволни, депресивни, имате чуство дека се загубивте во врската. Тогаш прочитајте повеќе за симбиотичната љубовна врска Можеби сте дел од неа.

Симбиотската врска всушност претставува еден вид на фузија на две лица во една целина, каде што тие не можат да функционираат ефикасно без едни со други – во неа се  губи индивидуалноста на двете лица.

woman on bike reaching for man's hand behind her also on bike

Нормалната љубовна врска ги вклучува и двете страни подеднкво, додека во овој тип на врска едната страна ,,се привлекува„ од другата, односно едниот партнер се чуствува премногу зависен од другиот. Под изговор за ,,вистинска љубов“, парнерот е многу среќен што ја добил безусловната љубов и посветеност од другиот. Овој симбиотски однос е нормален во почеток на врска, парнерите се чуствуваат како едно битие, слепи се за се околу нив, но доколку трае неколку месеци. Оваа фаза не треба да биде одраз на долгогодишна врска.

Желбата кај парнерот за ваков тип на врска потекнува од неговиот страв да биде оставен или отфрлен. Најчесто се работи за личности кои имале болно емоционално  искуство во некоја од сферите на животот, па целосно се посветуваат на партнерот, а за возврат бараат да им биде возвратено. Кај нив има постојана глад за внимание и сакаат да се во центарот на животот кај партнерот. Овие се зависни личности кои не можат да функционираат самостојно и бараат силна поддршка на личноста кај друго лице.

person holding white printer paper

Кои се знаците дека сте во симбиотска емоционална врска?

Иако се чуствувате сакано и посебно, од друга страна имате некој вид на депресија, чувство дека се губите самите себе. Социјалниот спект од животот се повеќе се запоставува, започнувате да губите контакт со пријателите со кои се дружевте почесто. Нормална е одредена дистанца кога сте во врска, но не и расипување на старите пријателства. Патнерот постојано инсистира да биде покрај Вас, дури и кога сте на кафе со пријател/ки или колеги/шки од работа. Не смеете да стекнувате нови пријателства, особено не со спротивен пол бидејќи тоа ќе биде сфатено на друг начин. Личните интереси сосема се намалуваат. Иако имате чуство дека нешто не е во ред Вие се тешите дека и тој/таа се откажала од своите хобија и интереси за да биде постојано крај Вас.

silhouette of man and woman under yellow sky

Симбиотска врска не е здрава врска, кога оценувате дека не напредувате со партнерот на личен план, кога сфаќате дека Вашиот социјален живот е целосно затворен, кога се чувствувате несреќно, депресивно, размислете дали е време да промените некои работи во Вашата емотивна врска, поставите граници и борете се за својата индивидуалност.